Македонија Panco

10 декември, 2015

Панчо ја открива тајната за здравиот изглед и покрај многуте обврски

Еден од нашите најпознати диџеи и член на популарната група ДНК, Панчо, во минатото не обрнувал внимание на исхраната, но поради напорниот и брз начин на живот тој реши од корен да направи промени. Журките кои завршуваат во раните утрински часови и домашните обврски кои сега се зголемени со добивањето на вториот син, не оставаат никаква трага врз здравјето и изгледот.

Тајната на Панчо се крие во здравата исхрана и започнување на денот со мусли, т.н. energy booster. Тој открива дека во неговата чаша најчесто става кранчи од малина и капина, сушена брусница и аронија, неколку семки од сончоглед, чија семе и обезмастено млеко во прав.

Оваа комбинација Панчо ја појадува во единствениот Мусли бар во Македонија на Виталија, којшто се наоѓа во ТЦ „Лептокарија“ во Скопје.

Покрај бројните настапи, ДНК во изминатиов период работеше и на својот нов албум и наследник на мошне успешното издание „Срце“, а наскоро ќе имаме можност да го слушнеме и нивниот нов сингл „Ѕвер“, кој штотуку беше финализиран во студиото на нивниот долгогодишен соработник Лазар Цветкоски.



Врати се горе ↑