Настани 10372014_664039916978684_1489352583833282341_n

9 јуни, 2014

Панчо и Андреј ДНК на дружба со дечињата на Зоо Фест 2014!

ЗОО Фест забавата во скопската зоолошка градина продолжи и оваа сабота. Ако изминатите три саботи децата ги пееја песните од „Поточиња“, оваа недела специјални гости на настанот беше дуото ДНК. Во претходните изданија, специјален гостин на оваа забава со животните во Зоолошката градина беше Симона Попоска, која воедно ја освои наградата за најдобар дебитант на овогодинешното издание на Макфест.

„Одлична идеја за забава и истовремена едукација на сите деца кои сакаат да пеат и да се дружат со животните. Јас со мојот Андреја и Андреј ДНК сме во зоолошката оваа сабота, па затоа ги поканувам сите на дружба и забава со ДНК и со сите предвидени активности“, изјави Панчо од ДНК пред нивното гостување на ЗОО Фест.

Освен музика, детскиот ЗОО Фест во својата програма за најмладите вклучува и дополнителни едукативни и забавни содржини – талент шаторот за анимација на децата и учење интересни информации за животните, како и часови по танц во соработка со танцовиот клуб Сонриса кои секоја недела од сцената танцуваат во ритамот на модерните танци.

Зоо Фест ќе се случува и во нарендните две саботи (14.06 и 21.06) со почеток во 11 часот.



Врати се горе ↑