Македонија 1003572_712176248794685_1405693907_n

3 јануари, 2014

Памперси со нов албум и видео запис

По оправдaната пауза која резултираше со принова во семејството, битолскиот состав Памперс (Pumpers) изминативе месеци интензивно работеше на својот втор студиски албум насловен „Mind Games“, на кој ќе се најдат и веќе познатите теми „Будење“„Слобода“ и „Свој“, а како најава за новото издание во понеделник, 6-ти јануари во 20 часот на регионалниот канал MTV Adria ќе биде премиерно претставен и видео записот за темата „Драга трага“, кој битолчани веќе имаа можност да го видат деновиве на промоцијата во нивниот град.

 

Бендот кој е оформен во 2003 година и кој го сочинуваат Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара), Мирко Пејковски (бас гитара) и Иле Лулевски (тапани), својот деби албум „Oh Whatever“ го објави во 2010 година, a како звучи новиот сингл можете да слушнете овде.

 



Врати се горе ↑