Настани

21 февруари, 2017

Пако Осуна – Музички електро спектакл што не се пропушта!

Скопје повторно живее во духот на електронската музика и сцена. За првпат во Скопје, со свој диџеј сет ќе го чуеме Пако Осуна, шпанскиот суперстар диџеј кој ќе настапи на 25 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“. Забавата ќе биде  по сите светски стандарди – со ласер шоу, најквалитетен саунд систем, лед екрани, танчерки, а како загревање пред Пако ќе настапи диџеј Никифор.

Сите љубители на електро, техно, денс и хаус музиката карти за настанот може да набават во „Пола Југотон“ или пак на kupikartizase.com по цена од 500 денари.

Забавата започнува во 22.30 часот.



Врати се горе ↑