Свет jw

15 декември, 2014

Ова се петте најпродавани плочи за годинава

Според истражувањето кое го спровело списанието „Вол Стрит журнал“ (The Wall Street Journal), во 2014 година се продадени преку 8 милиони винил плочи, што е за 49% повеќе од продажбата во претходната година. Најпродаваната плоча е ЛП изданието „Lazzareto“ на Џек Вајт, кое е продадено во тираж од 75.700 примероци, што го прави најпродаваниот винил уште од албумот „Vitalogy“ од 1994 година на бендот „Прл џем“.

Листата на 5 најпродавани винили во 2014 година изгледа вака:

1. Џек Вајт, „Lazzareto“ – 75.700 продадени примероци
2. Актик манкис, „AM“ – 40.600
3. Блек киз, „Turn Blue“ – 28.300
4. Лана Дел Реј, „Born to Die – 27.200
5. Бек, „Morning Phase“ – 25.200

Без оглед на порастот, винил плочите и понатаму претставуваат само 2% од вкупната продажба на албуми.

Извор: Consequenceofsound.com преку mtv.rs



Врати се горе ↑