Македонија 58946_480797815323540_1943896_n

16 април, 2013

„Ова му недостасуваше на Скопје!“

Зад Аголот: солзи, пот, срце и душа на бина! Благодарност до сите што ја испочитуваа вечерта на прав, искрен, сив, хардкор рап!

Во петокот (12-ти април) концертот на Зад Аголот претставуваше уште една ретко убава глетка за прв самостоен концерт на домашен бенд. Вечерта започна со DJ Ilic и DJ Oky Doky од Зад Аголот кои ја загреваа публиката за вистинскиот хип хоп перформанс на Зад аголот и гостите на некои песни, кој траеше речиси два часа. На концерт буквално цело време имаше вжештена атмосфера на секоја песна, публиката ги пееше сите песни, имаше шутки, па дури и stage dives. Еуфоричното чувство нѐ држеше во константа, но како кулминативни моменти се издвоија песните „Ти треба срце“, „Потценуваш“, „Како мече дрен“, „Чувај го вистинко“, „Лоши момци“, „Ефтиното месо“ и новата песна „Нема лимит“.

Прекрасна беше атмосферата и на песната „Јас и ти“, каде гостуваа Нина и Иги Мен.

Зад Аголот на овој концерт направија и своевиден „tribute to The Most Wanted“, со кој не вратија во почетоците на македонскиот рап. Настапот на Аго помина одлично, за кој беа присутни доста и од повозрасната екипа, дојдени да го испочитуваат  легендарниот хип хоп артист кој одамна не настапувал во Скопје. Покрај одличниот концерт и незаборавната атмосфера, публиката ја коментираше и посебно подготвената сценографија која допринесе сите да се чувствуваме како да сме дома, Зад Аголот.

Немаме зборови како да ви се заблагодариме на сите што дојдовте во петокот на концертот и што ни го наполнивте срцето на сите од Зад Аголот екипа! Во петокот звукот беше вратен назад како во 92ра, а рапот никогаш нема да умре, дружбата со нас ќе продолжи и понатаму заедно со вашето присуство, вие!! сите вие што дојдовте, сите што пеевте заедно со нас и што го испочитувавте Зад Аголот го направивте тој спомен, настан, засекогаш да ни остане во срце.. Љубов и почит до сите вас!!“ – изјавија момците од Зад Аголот.

Со овој концерт имавме можност да уживаме во преполната денсинг сала на МКЦ со вистинска публика. Најпозитивните импресии доаѓаа од воочливото заемното задоволство на екипата од Зад Аголот и публиката која замина после концертот со коментари:  „Душава полна, светски концерт!, Ова му недостасуваше на Скопје!

Ги собравме импресиите и емоциите, па со сигурност во позитивниот удел врз хип хоп секојдневието, го очекуваме следниот проект од Зад Аголот.



Врати се горе ↑