Аудио prettymuch-would-you-mind

13 јули, 2017

Ова е новата група на Сајмон Кауел

Од „Уан дајрекшн“ до „Вестлајф“, Сајмон Кауел сигурно знае како да лансира нова група, особено кога станува збор за група составена од млади момци, а се чини дека следната сензација ќе биде петчлената екипа наречена „Притимач“ (Prettymuch). Брендон Ареага, Ник Мара, Зајон Кувону, Остин Портер и Едвин Хонорет веќе го привлекуваат вниманието на тинејџерската публика, наскоро ќе го промовираат и својот прв сингл.

Потпишана од Саван Котеча и Џејкоб Кашер, „Would You Mind“ има потенцијал да биде еден од најголемите хитови летово, чиј стил потсетува на музиката на популарните машки групи од деведесеттите. Песната ќе биде објавена на 21 јули, а како ќе звучи првенчето на „Притимач“ можете да слушнете од кусиот извадок во продолжение. Уживајте!

 

Еве како звучат и во живо:



Врати се горе ↑