Свет плоча

9 април, 2017

Ова е најпродаваната плоча во 2017 година

Плочите се повторно во мода, а еден саундтрак со филмска музика се најде на првото место на листата на најпродаваните за тековната 2017. Имено, агенцијата „Нилсен мјузик“ објави список со изданија на винил кои најдобро се продаваа во првата четвртина од годинава.

На самиот врв, со продадени 25.000 примероци се најде саундтракот за мјузиклот „Ла ла ленд“, кој во изминатата сезона на награди беше вистински фаворит и на публиката и на критиката, освојувајќи 7 златни глобуси и 6 оскари.

Веднаш за него се „Legend“ на Боб Марли и „Back to Black“ на Ејми Вајнхаус со по 16.000 примероци, а на 4 место е актуелниот албум на британската ѕвезда Ед Ширан, „÷“ (Divide). Како засега изгледа листата со десетте најпродавани плочи за 2017 година можете да видите во продолжение.

 

1. „La La Land OST“ (25.000 примероци)
2. Боб Марли и „Вејлерс“ – „Legend“ (16.000)
3. Ејми Вајнхаус – „Back to Black“ (16.000)
4. Ед Ширан – „÷“ (15.000)
5. Ран д џулс – „Run the Jewels 3“ (14.000)
6. Килерс – „Hot Fuss“ (14.000)
7. Битлси – „Abbey Road“ (13.000)
8. Рајан Адамс – „Prisoner“ (13.000)
9. Туенти уан пајлотс – „Blurryface“ (13.000)
10. Екс-екс – „I See You“ (13.000)

Извор: NME



Врати се горе ↑