4 јули, 2013

„Outta Nowhere“ е новиот сингл на Питбул

Дојде време и за четвртиот сингл од актуелниот албум „Global Warming“ на Питбул, а тоа е нумерата „Outta Nowhere“ во која гостува колегата со потекло од Колумбија, Даниел Мурсиа, попознат како Дени Мерсер. Пејачот се јавува и како продуцент на песната, а соработувал и со изведувачи како што се Афроџек, Ејкон, Никол Шерцингер, Вил Ај Ем и други. Песната доаѓа на веќе вообичаениот начин, во формат на текстуален видео запис, а како звучи можете да слушнете горе.



Врати се горе ↑