Аудио jay-z-open-letter

12 април, 2013

„Отворено писмо“ од Џеј Зи, слушнете ја новата песна

„I done turned Havana to Atlanta“ – рапува Џеј Зи во новата песна насловена „Open Letter“, која беше претставена вчера. Како што пишува Idolator, ова е доста смел стих (и песна воопшто) кој се однесува на неодамнешната збрка околу патувањето во Хавана, Куба, каде што со неговата сопруга ја прославија петгодишнината од нивниот брак. Но, малку попровокативни стихови следуваат понатаму во песната, каде што вели: „Politicians never did shit for me, except lie to me, distort history.” Овој стих е малку чуден, со оглед на тоа што е познато дека Џеј Зи и Бијонсе се пријатели и поддржувачи на актуелниот претседател на САД, Барак Обама.

Џеј Зи гостуваше во неодамнешниот сингл „Suit & Tie“ со кој Џастин Тимберлејк се врати на музичката сцена, а во 2011 година го објави „Watch The Trone“, заеднички албум со Канје Вест. Но, ова „Отворено писмо“ на одреден начин го означува враќањето како соло артист на познатиот њујоршки рапер, чиј последен самостоен албум „The Blueprint“ беше издаден пред приближно четири години.

Песната во која Џеј се нарекува „Боб Дилан на рап музиката“, е продуцирана од Свиз Битз и Тимбаленд, трае околу две и пол минути, а можете да ја слушнете во продолжение.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑