Отворен повик за уметници – арт инсталации на Сигет 2014
Дизајнирајте го симболот на Островот на слободата, изработете склуптура, инсталација или декорација која ќе биде навистина интересен елемент на овогодишното издание на Сигет Фестивал!
Артистите, во групи и поединечно, може да се пријават за три различни категории оригинални дела, а организаторите одвоија вкупно 80.000 евра за реализација на најдобрите! Делата ќе бидат изложени како спектакуларни инсталации на отворено за време на самото одржување на фестивалот од 11 до 18 август 2014.
Повеќе детали за повикот и начинот на пријавување можете да прочитате на следниов линк.