Настани 10402735_771882739524932_3876614725064756766_n

24 август, 2014

Отворен повик за Акустик Сквер Фестивал 2014

Во рамките на манифестацијата Скопје Сквер – плоштад на културата, во организација на Град Скопје и Универзална Сала ќе се одржи третиот Акустичен Сквер Фестивал 2014, на кој ќе настапат млади рок кантавтори и групи со своја авторска музика. Фестивалот ќе се одржи на 5 септември 2014 година во 21.00 часот на летната сцена поставена на платото пред Универзална Сала.

По тој повод Универзална Сала објавува повик до сите заинтересирани рок бендови и соло изведувачи кои имаат свои авторски песни да бидат дел од големата рок фешта, а за учество на фестивалот можат да се пријават и да учествуваат кантавтори и групи од цела Македонија. Доколку сакате да настапите на иста сцена со познати македонски рок состави и изведувачи можете да се пријавите со ваши податоци и ваш контакт телефон во инбокс на Фејсбук профилот или на адресата info@univerzalna.com.mk најдоцна до 27 август.

И ова година Акустик Сквер Фестивал ќе донесе одлична музика, супер забава и многу изненадувања за посетителите.



Врати се горе ↑