За Вас demofest2013

2 февруари, 2015

Отворен конкурсот за 8. издание на „Јелен демофест“

Иако сè уште е ладно, љубителите на добрата музика, но и оние кои ја создаваат, и ова лето ги очекува вонсериска забава во Бања Лука, бидејќи најголемиот регионален фестивал на неафирмирани бендови, „Јелен демофест“ по осми пат распишува конкурс за сите демо состави и изведувачи од просторот на поранешна Југославија.

Сите заинтересирани бендови на конкурсот за „Јелен демофест 08“ можат да се пријават преку официјалната веб страна на фестивалот на адресата demofest.org, а електронската пријава, која треба детално да се пополни, се наоѓа во категоријата „Фестивал/Натпреварувачи“.

Со пријавата задолжително треба да се испратат и две нумери со текстови и фотографија од бендот, а сетот тоа испратете го на адресата konkurs@demofest.orgПогрижете се сè да Ви е на број, бидејќи организаторите нема да ги земат предвид некомплетните пријави. Основиот услов кој мораат да го исполнат сите бендови е да немаат објавено свој материјал преку некоја легитимна издавачка куќа.

По завршувањето на конкурсот, стручно жири ќе одбере 30 бендови кои ќе имаат можност да настапат пред публика во една од двете квалификациски вечери. Потоа, десет или повеќе бендови во финалето ќе се борат за престижните награди на фестивалот. Ве потсетуваме дека минатата година „Јелен демофест“ додели рекорден број награди, кога покрај главните 3 награди, додели уште шест придружни награди.

„Како што е познато, и овој пат во изборот на 30 најдобри бендови ќе пресуди квалитетот, автентичноста, енергијата, како и авторскиот печат на пријавените состави“, изјави Бранкица Јанковиќ, директорка на „Јелен демофест“.

Конкурсот за натпреварувачи на „Јелен демофест 08“ ќе биде отворен во следните два месеца, поточно до 1 април 2015 година, а резултатите ќе бидат објавени во текот на јуни, кога ќе бидат познати и имињата на стручното жири.

Извор: MTV.rs



Врати се горе ↑