Настани exit

22 април, 2015

Отворен конкурс за настап на „Егзит 2015“

Пријавете се на најголемиот конкурс за учество на јубилејното 15. издание на eден од најдобрите европски фестивали!

Фестивалот „Егзит“ и Студенскиот културен центар од Нови Сад го распишаа најголемиот конкурс за млади музичари, на кои им се нуди можност да настапат на некоја од водечките сцени на Петроварадинската тврдина од 9 до 12 јули! Сите заинтересирани бендови, диџеи и музичари веќе од денес можат да се пријават преку апликацијата на веб страната www.exitmusic.rs, a конкурсот ќе трае заклучно со понеделник, 4 мај, кога е последниот ден за пополнување пријави.

Заинтересираните уметници треба да отворат профил и да постават најмалку две свои нумери или диџеј миксови преку сервисот „Саундклауд“  (SoundCloud), а сето тоа заедно со биографија, фотографии и назначен музички жанр да го сместат во својата пријава на веб страната www.exitmusic.rs. За сите изведувачи кои веќе имаат свои профили на оваа веб страна, доволно е на својата лична страница да кликнат на пријавата за 2015 година. Во текот на изминатите години, на овој конкурс се пријавувале во просек околу 4.000 изведувачи, а годинава, повеќе од секогаш, можност да настапат на „Егзит“ ќе добијат дури 40 изведувачи!

Селекцијата ќе ја изврши тимот составен од потврдени личности на српската музичка сцена, како што се музичката новинарка на РТС и автор на емисијата „Бунт“ – Бранка Главоњиќ, музичкиот уредник на Ем-ти-ви Адрија и основач на издавачката куќа „Лампшејд медија“ – Никола Јовановиќ, соосновачот на новосадскиот „Концерт на годината“ и музички уредник на Радио Нови Сад – Обрад Боба Шкрбиќ, музичкиот новинар на емисијата „Грување“ на РТВ – Душан Мајкиќ и програмскиот уредник на Студентскиот културен центар во Нови Сад – Игор „Згро“ Тодоровиќ. Покрај гласовите од програмската продукција на фестивалот „Егзит“ и селекторскиот тим, свој глас ќе даде и публиката, бидејќи оние со најмногу лајкови и поддршка на социјалните мрежи (Фејсбук, Твитер и Саундклауд), ќе имаат поголеми шанси да бидат одбрани за настап на „Егзит“!

Целта на „Егзит“ и СКЦ од Нови Сад е некои од пријавените изведувачи преку програмска и институционална соработка, во иднина да ги претстават на главните фестивалски сцени, како што се „Главната сцена“ (Main Stage) и „Денс арената“, како и по пат на меѓународна размена да ги пласира и на другите најголеми фестивали во Европа и светот.

 

 

Меѓу досега најавените изведувачи на јубилејното 15. издание на „Егзит“ се и британската дива Емели Санде (Emeli Sandé), „Клин бандит“ (Clean Bandit), Џон Њуман (John Newman), Том Одел (Tom Odell), Милки Ченс (Milky Chance), Хардвел (Hardwell), Мартин Гарикс (Martin Garrix) и Оливер Хелденс (Oliver Heldens), како и  „Моторхед“ (Motorhead), „Феитлес“ (Faithless), Ману Чао (Manu Chao), „Напалм дет“(Napalm Death), Рони Сајз (Roni Size), Голди (Goldie), Крис Либинг (Chris Liebing), Адам Бејер (Adam Beyer) и други.

Најдобрата акција „4+1“ повторно е тука!
Четиричленото друштво кое заедно ќе ги купува влезниците за „Егзит“, „Си Денс“ или целата „Егзит“ Авантура, петтата влезница ќе ја добие како подарок! Акцијата „4+1“ веќе е достапна во продажба преку мрежата на МКтикетс и во официјалното продажно место во Македонија, Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат). Влезниците за „Егзит“ чинат 3.599 денари, за „Си Денс“ чинат 2.550 денари, а за целата „Егзит“ Авантура (Егзит + Си Денс) само 4.299 денари. Во продажба веќе се пуштени и картите за организираниот автобуски превоз за „Егзит“ (Скопје – Нови Сад – Скопје) по цена од 2.990 денари, како и за целата „Егзит“ Авантура (Скопје – Нови Сад – Будва – Скопје) по цена од 4.990 денари.

 



Врати се горе ↑