Балкан demofest2013

18 февруари, 2013

Отворен конкурс за Јелен Демофест

Јелен Демофест, кој годинава се одржува по шести пат во организација на агенцијата Aquarius, како и секоја година до сега, официјално почнува со отворањето на конкурсот за натпреварувачи. Конкурсот за демо бендови официјално ќе трае два месеца, поточно до 15-ти април.

Бендовите можат да се пријават на конкурсот преку официјалната веб страна на фестивалот www.demofest.org, каде што во делот www.demofest.org/takmicari/ се наоѓа електронска пријава која е потребно детално да се пополни и заедно со две авторски нумери, фотографија од бендот и текстовите на нумерите да се испратат на konkurs@demofest.org

Единствениот услов кој мора да го исполнуваат сите бендови кои сакаат да се пријават е да немаат издадено никаков материјал преку некоја од легитимните издавачки куќи.

По завршувањето на конкурсот, стручно жири ќе избере 30 бендови кои ќе имаат можност да настапат пред публиката на една од двете квалификациски вечери. Шест или повеќе бендови ќе се борат во финале за престижната награда на фестивалот, чија основна цел е да им даде можност за максимизација на талентот да одбраните бендови.

Бендот Neuro, минатогодишен победник на Јелен Демофест, деновиве одбира студио и продуцент за нивниот прв албум, а наскоро во соработка со MTV ќе сними и музички видео запис кој премиерно ќе биде прикажан токму на овој светски популарен музички канал. Промоцијата на албумот на овој бенд ќе се случи на претстојниот, шести по ред Јелен Демофест, кој годинава ќе се одржи од 18-20 јули на тврдината Кастел.

На минатите изданија на фестивалот учествувале бендови од целиот регион, како и од повеќе градови од Македонија, a дел од стручното жири биле и Васил Хаџиманов и Влатко Стефановски.



Врати се горе ↑