Настани Area

12 септември, 2013

Отворен фестивал со Ареа и Слаткаристика

На 27-ми и 28-ми септември (петок и сабота), во општина Аеродром се прогласува Слободна зона за журка. Free Zone Festival, за прв пат оваа година на новиот стадион до МЗТ салата, покрај многуте други, како главни артисти Ви ги претставува Слаткаристика на 27-ми и Ареа на 28-ми септември.

Овој фестивал е од отворен карактер за сите посетители, со бесплатен влез за оние кои сакаат да се забавуваат со едни од највлијателните артисти од времето и денес. Првиот ден, на 27-ми се најавува 6 часовна хип-хоп журка со повеќе артисти и Слаткаристика, а на 28-ми е закажана исто така 6 часовна рок журка со Ареа, кои ќе настапат како главни артисти таа вечер.

Веќе другата недела се очекува да бидат претставени и останатите учесници на фестивалот кој прогласи слободна зона и влез за сите посетители.

 



Врати се горе ↑