Македонија камен мост-флаер

5 јуни, 2013

Отворање на сезона 2 на Градска плажа „Камен мост“‏

Втората сезона на Градската плажа „Камен мост“ ќе се отвори на 8-ми јуни со концертот на хрватскиот состав Антенат. Ова е само почеток на уште едно жешко лето на плажата, а наскоро ќе биде објавена и целосната програма. Во текот на овие четири и пол месеци планирани се кино вечери и проекции на култни македонски и странски филмови, фестивал на кратки филмски форми, изложби на млади уметници и фотографи, спортски турнири, матине забави, караоке и слично.

Градска плажа располага со 5 урбано наместени шанкови за продажба на храна и пијалоци, една голема бина која се наоѓа над реката по средината на плажата и со 157 м2 површина на платформи(декови) за поставување на маси и столови за потрошувачите и рекреативците. На располагање и ова лето стои и одбојкарското игралиште како и огромниот простор од 1000 м2 чиста морска песок и камчиња.

Епа скопјани подгответе се за плажирање и кулирање со добра забава во центарот на Скопје.


Врати се горе ↑