Свет Bowie

11 јануари, 2016

Отриена симболиката во последниот видео запис на Дејвид Боуви?

Три дена пред да почине, Дејвид Боуви го објави видео записот за песната „Lazarus“, која има мошне симболичен текст и звучи како збогување… Тој е врзан за болнички кревет, а телото му се тресе во чаршавите додека очите му се прекриени со завои. Имено, продуцентот на последниот, неодамна објавен албум „Blackstar“, Тони Висконти изјавил дека албумот е всушност „последен поздрав“ и дека Боуви сакал и својата смрт да ја направи „уметничко дело“, како што беше и неговиот живот.

„Blackstar“, кој излезе само два дена пред неговата смрт, беше и првиот албум на чија обвивка немаше фотографија од музичарот, туку само една црна ѕвезда. И самиот текст на песната „Lazarus“ започнува со стиховите „Погледнете горе, јас сум во рајот…“

„Look up here, I’m in heaven
I’ve got scars that can’t be seen
I’ve got drama, can’t be stolen
Everybody knows me now
Look up here, man, I’m in danger
I’ve got nothing left to lose
I’m so high it makes my brain whirl
Dropped my cell phone down below
Ain’t that just like me
By the time I got to New York
I was living like a king
Then I used up all my money
I was looking for your ass
This way or no way
You know, I’ll be free
Just like that bluebird
Now ain’t that just like me
Oh I’ll be free
Just like that bluebird
Oh I’ll be free
Ain’t that just like me“

Висконти, кој ги продуцираше албумите на легендариот пејач уште од шеесеттите години на минатиот век, додаде: „Отсекогаш го правеше она што го сакаше. А сакаше тоа да го прави на свој начин и да го направи на најдобар начин. Неговата смрт не е поинаква од животот – тоа е уметничко дело“.

Видео записот за песната „Lazarus“, која името го доби по ликот од Библијата, Лазар, кој го воскресна Исус од мртвите, беше објавен минатиот четврток, а песната излезе на 17 декември. Песната е еден вид продолжение на филмот во кој Боуви глумел во 1976 година – „Човекот што падна на Земјата“ (The Man Who Fell to Earth), а наслов е и на неговиот бродвејски мјузикл „Lazarus“. Видео записот го режираше шведскиот режисер Јохан Рек, кој стои зад популарните серии „Чиста хемија“ (Breaking Bad) и „Опкружен со мртви“ (The Walking Dead). 

Извор: Дејли мејл

Фотографии: Јутјуб

 



Врати се горе ↑