Свет 12359932_10153332064215748_5438979861538474277_n

4 февруари, 2016

Откриени нови изведувачи за „Греми 2016“, Лејди Гага ќе пее во чест на Дејвид Боуви

Уште само десетина дена останаа до 58. доделување на музичките награди Греми, а па полека се комплетира и списокот со изведувачи што ќе настапат на церемонијата во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес. Меѓу првите потврдени имиња беа Адел, Викенд, Кендрик Ламар, „Литл биг таун“, Лајонел Ричи, како и Ели Гоулдинг, Џејмс Беј, Тори Кели, Андра Деј, Сем Хант, Кери Андервуд, Џастин Бибер и „господинот 305“, Питбул. Деновиве беше најавено дека ним ќе им се придружат и Бони Рајт, Крис Стејплтон, Гери Кларк Јуниор, „Холивуд вемпајрс“ (Алис Купер, Џони Деп и Џо Пери), Робин Тик, Тревис Баркер, Лејди Гага и актерите од бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“.

66-годишната блуз и кантри музичарка и добитничка на 10 златни грамофони, Бони Рајт заедно со колегите Крис Стејплтон и Гери Кларк Јуниор ќе настапи во чест на блуз легендата Би-Би Кинг, кој почина во мај минатата година. Заеднички настап ќе имаат и Робин Тик, Крис Баркер и Питбул, а Лејди Гага, пак, ќе пее во чест на уште една музичка легенда – Дејвид Боуви, кој почина во јануари годинава.

58. доделување на наградите Греми ќе се одржи во понеделник, 15 февруари, а бидејќи во живо ќе се емитува само на американската телевизија Си-би-ес, ние ќе ги дознаеме победниците следниот ден. Кој сè e номиниран за годинешните златни грамофони, потсетете се овде.

 



Врати се горе ↑