Македонија Panco Andrej

20 март, 2014

Откажани концертите на ДНК во Австралија

Поради непрофесионалноста и неодговорноста на организаторот, извесен господин Влатко од агенцијата Република од Австралија, трите закажани концерти на ДНК во Сиднеј, Мелбурн и Перт, беа откажани во последен момент. Гореспоменатиот организатор сè уште ги нема наведено причините поради кои ја разочара публиката во Австралија која минатиот месец ги очекуваше Панчо и Андреј на концертите за кои официјално беа објавени плакати, а голем дел од картите и распродадени.

„Разочаран сум од непрофесионалниот однос на организаторот и во наше име им се извинуваме на фановите во Австралија за настанатата ситуација. Ветуваме дека дефинитивно ќе одржиме концерти таму, но со вистински професионалци кои ја знаат својата работа, а не со манипулатори како што беше во случајов“ – изјавува Панчо.

На најавените концерти ДНК требаше пред австралиската публика да ги промовираат своите најголем хитови од десетгодишното постоење на дуото. Во меѓувреме, до реализирањето на концертите во прекуокеанските земји, Панчо и Андреј максимално ѝ се посветуваат на публиката во Македонија и на промовирањето на новите песни од албумот „Срце“, а подготвуваат и нов сингл што ќе излезе во летниот период.



Врати се горе ↑