Свет 87082_0_4a193c13

26 ноември, 2012

Откажана претставата за Ејми Вајнхаус

Од данскиот Kралски Tеатар денеска соопштија дека претставата за покојната пејачка Ејми Вајнхаус е откажана, бидејќи данската агенција за авторски права ја повлекла дозволата за користење на музиката од пејачката. За сега не се познати причините зошто агенцијата Кода ги повлече правата за оваа претстава која премиерно требаше да биде изведена на 30-ти јануари во театарот во Копенхаген. Како што пренесува AP, од Кода за сега нема коментар.

„Ејми“ е заснована на интервјуата, концертите, писмата и новинарските извештаи за Ејми Вајнхаус, а е напишана од група од 11 дански драматурзи. Прикзаната е за нејзиниот живот и односот со дрогата и алкохолот.

 

 



Врати се горе ↑