Настани Najotkaceni drustva Tikveski grozdober (1)

16 септември, 2013

Откачените друштва на Винарија Стоби главни на Тиквешкиот гроздобер

И оваа година винарија Стоби беше поддржувач на НАЈОТКАЧЕНИТЕ друштва на Тиквешкиот гроздобер кој се одржа од 13-15 септември во Кавадарци. Како и секоја година така и оваа на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци винаријата Стоби го имаше највеселиот штанд. Но, овојпат мотивацијата за веселба беше уште поголема помеѓу присутните гости од причина што винарија Стоби ги наградува најоткачените друштва со целодневна винска тура во винаријата за цело друштво.

Во трката за највесело друштво имаа можност да учествуваа сите присутни гости на гроздоберот  на 13.09 петок, 14.09 сабота и 15.09 недела. Избирањето за највесело друштво започнува денеска  и трае сè до недела 22.09.2012 во 20 часот, на Фејсбук страницата на Винарија Стоби, каде ќе се  избере најоткаченото друштво од секоја вечер.

Оваа година на Тиквешкиот гроздобер одговорни за веселата дружба беа Каролина и ДНК во петокот, Кирил Џајковски и Масимо Савиќ во саботата и Фрајле и Синтезис вчера.



Врати се горе ↑