Настани

15 јуни, 2018

Осум диџеи и забава на брод на „Десонанц“ во Струга

Вечерва, 15 јуни, со почеток во 22.00 часот, фестивалите „Дримон“ и „Десонанц“ организираат целовечерен настан на електронската музика во Струга. Ќе настапат осум диџеи на две сцени, а ќе има и забава на брод што ќе трае до утринските часови. Покрај британскиот диџеј Иниго Кенеди, ќе настапат и македонските диџеи Андреас Херц, Клара, Митрик, Меги, Оги, Боби и Кроном.

Главната сцена, на која ќе настапи гостинот од Англија и нашите Андреас Херц, Клара и Митрик, ќе биде сместена во големиот Хангар што се наоѓа во комплексот од центарот за култура во Струга, додека на летната сцена ќе биде сместена втората сцена, каде што ќе има настап на Боби и Оги до полноќ. На врата ќе може да се купат нараквици за забавата на брод, за кој ќе биде организиран и автобуски превоз до локацијата, за која се планирани Меги и Митрик.

Gepostet von Drimon Festival am Mittwoch, 18. April 2018

 

Иниго Кенеди претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име кое често можете да го сретнете во програмите на елитните техно-храмови низ светот како што се „Фабрик“, „Бергхајн“, „Басијани“, „Трезор“ и сл. Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни, со каталог на изданија на водечките техно-етикети како „Токен“, „Семантика“ и неговата сопствена издавачка куќа „Асиметрик“.

Карти во претпродажба во строго ограничен број ќе можат да се набават преку продажните мрежи на mktickets.mk и karti.com.mk и на врата пред почетокот на настанот.



Врати се горе ↑