Аудио

10 октомври, 2018

„Остани“ е новиот сингл на Симона

„Кога си до мене сè е добро, нема солзи, нема дождови… Држи ме за рака, покрај мене остани“, пее Симона Попоска во својата нова песна насловена „Остани“, со која пејачката се натпреваруваше и на годинашното, 33. по ред издание на фестивалот „Макфест“. Станува збор за авторско дело на Горјан Стојановски, кој се погрижи за музиката, а стиховите се на Елвир Мекиќ, додека аранжманот го направија Иван Јованов – Ивајо и Андреј Иваноски (Сирилик).

Уште еднаш сакам да се заблагодарам на целиот тим кој беше со мене ! @goksaviolina @ivanjovanoviwayo @mekic.elvir @…

Gepostet von Simona Popovska am Montag, 8. Oktober 2018

 

Иако Симона сè уште е актуелна и со неодамна објавената „Ти си моја победа“, макфестовската „Остани“ претендира да биде уште еден хит во кариерата на распеаната докторка, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑