Настани 1920111_10152298728233698_1822803050_n

7 март, 2014

Основачот и фронтменот на „Блур“ и „Горилаз“ на ЕГЗИТ!‏

Дејмон Албарн (Damon Albarn), основачот и фронтменот на „Блур“ (Blur) и „Горилаз“ (Gorilazz), доаѓа на ЕГЗИТ 2014! Тој на 12-ти јули на главната бина на ЕГЗИТ фестивал ќе го претстави својот нов соло проект, но и своевидната ретроспектива на својата целокупна кариера! И тоа каква кариера – покрај „Блур“ и „Горилаз“, кои спаѓаат меѓу најголемите музички проекти на сите времиња, Дејмон ќе ги изведе и нумерите настанати од опусот на останатите концептуални проекти и супергрупи во кои учествувал. Својата претстојна турнеја, за која светските медиуми проценуваат дека ќе биде една од најзначајните годинава, ја најави со видеото кое претставува колаж на досегашните музички достигнувања и кое можете да го погледнете во продолжение.

 

Дејмон спаѓа во привилегираната група на највлијателни личности во музичката индустрија воопшто. Покрај „Греми“ наградите Дејмон во својата досегашна кариера, со многубројните музички проекти и состави, освои пет „Брит“, единаесет „Ен-ем-и“, девет „Кју“ и шест „Ем-ти-ви“ награди, продаде преку 30 милиони носачи на звук ширум светот, додека деби албумот на „Горилаз“ достигна мултиплатинест тираж! „Ен-ем-и“ (NME) неодамна, за време на доделувањето на наградата за иновација во музиката го претстави како „еден од водечките луѓе на музичката сцена“. Во април годинава тој ќе го претстави својот прв соло албум, „Everyday Robots“, за кој вели дека чекал дури 25 години и дека тоа е неговиот најличен проект до сега.

Говорејќи за списанието „Ролинг Стоун“ за претстојната турнеја, Дејмон Албарн изјави дека настапот ќе ги опфати песните од „Everyday Robots“, но дека планира да ги изведува и нумерите од своите состави „Блур“, „Горилаз“ и „Д Гуд, д Бед енд д Квин“ (The Good, the Bad and the Queen). На прашањето за иднината на составите „Блур“ и „Горилаз“, за „Ролинг Стоун“ изјави: „Што е ’Горилаз’?“.„Музички гледано, ја сум ’Горилаз’,“ вели Албарн„Ги свирев песните на ’Горилаз’ на пробите и некои од нив звучат многу свежо, така што сигурно ќе ги свирам на својата турнеја“.

Стартот на турнејата на Албарн ќе биде во Лондон во април, а покрај потврдените датуми на најголемите светски музички фестивали во Шпанија, Франција, САД, Данска, Холандија и Белгија, Дејмон на 12-ти јули доаѓа и во Србија на Петроварадинската тврдина!

Петнаесеттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на ЕГЗИТ АВАНТУРАТА која нè води на ЕГЗИТ, од 10-13 јули 2014 година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад и на СИ ДЕНС ФЕСТИВАЛ од 15-17 јули на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадранот.

До сега најавените изведувачи за ЕГЗИТ фестивал се Disclosure LIVE, Rudimental LIVE, Skrillex LIVE, Carl Craig vs Green Velvet,  Dub FX, Dusky vs Paul Woolford, Jackmaster & Oneman present ‘Can U Dance’ и Koven LIVE.



Врати се горе ↑