Настани pivolend4

20 август, 2015

Осмо издание на гурманскиот викенд со пиво – „Пиволенд“

Ова лето по осми пат во Скопје ќе се одржи  гурманскиот викенд со пиво – „Пиволенд“.  Од втори до шести септември посетителите ќе имаат можност да уживаат во над 30 пивски брендови, како и деликатесни гурмански специјалитети кои одлично одат со пиво. 5 дена забава, дегустација на пиво и музика која ќе ги задоволи сите вкусови.

Како и претходните години фестивалот ќе се одржи на Скопското кале, збогатен со голем број забавни активности и игри кои ќе придонесат за уште подобра атмосфера. Фестивалот е во организација на „Темов“ и град Скопје.

Традицијата продолжува, Скопје уште еднаш ќе има можност пет дена да го живее духот на Пиволенд. Дојди, види, испиј! Гурмански викенд со пиво – „Пиволенд 2015“!



Врати се горе ↑