Македонија osk

24 февруари, 2017

„Ослободување на Скопје“ награден на фестивал во Шведска

Филмот „Ослободување на Скопје“, во режија на Раде Шербеџија и неговиот син Данило, доби специјална награда од жирито на филмскиот фестивал „Банеф“ (BaNeFF – Balkan New Festival). На фестивалот, кој се одржа од 16 до 19 февруари во Стокхолм, Шведска, се прикажуваат филмови од регионот на Балканот и филмови кои третираат теми кои се актуелни во државите на Балканот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац и Мико Ноусаинен. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска.

„Ослободување на Скопје“ беше и македонскиот кандидат за престижната академска филмска награда Оскар, но за жал не успеа да влезе во потесниот круг.

Извор: Курир



Врати се горе ↑