Македонија

27 септември, 2016

„Ослободување на Скопје“ е македонскиот кандидат за Оскар

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја извести јавноста дека македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје за 2016 година е филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Комисијата за избор на македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје, во состав: Лабина Митевска – претседател на комисијата (продуцент/актер); Наум Доксевски (директор на фотографија); Дејан Дуковски (сценарист); Петар Богоевски (гафер); Роберт Јазаџиски (продуцент); Мето Јовановски (актер) и Игор Василев-Новоградска (композитор), членови, со мнозинство гласови го избра филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија.

14291832_1791397884408227_5475900548616763636_n

Филмот веќе се прикажува во киното „Синеплекс“, а скопската премиера ќе биде одржана на 1 октомври (сабота), во киното „Милениум“. Претходно филмот беше прикажан на отворањето на 37. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Филмот „Ослободување на Скопје“ е снимен според драмскиот текст на Душан Јовановиќ и сценарио на Раде Шербеџија во продукција на „Партизанс“ од Македонија, „Лијени филм“ од Хрватска и „Арт филмс“ од Финска.



Врати се горе ↑