19 август, 2017

Оскаровката Лупита Нионго во новото видео на Џеј Зи

Џеј Зи продолжува со серијата видеа од својот нов албум „4:44“, а после оскаровецот Махершала Али, главната улога во „MaNyFaCedGod“ ја доби неговата колешка Лупита Нионго. Како и претходните видеа, така и ова првично беше ексклузивно достапно само на „Тајдл“, а сега е достапно и на неговиот официјален канал на Јутјуб. Во оваа песна гостува колегата Џејмс Блејк, а како изгледа и звучи нивниот „Бог со повеќе лица“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑