Македонија

5 март, 2019

„Оскар на популарноста“ за Лозано во Бања Лука

Во пресрет на големиот солистички концерт што ќе се одржи на 23 март во арената „Борис Трајковски, Влатко Лозаноски продолжува да реди успеси и да собира награди, а освен неодамнешните две „Златни бубамари“ за пејач на годината и хит на годината (Јако, јако), тој сега се закити и со „Оскар на популарноста“ во Босна и Херцеговина.

Имено, на традиционалната манифестација што се одржа вчера во спортската сала „Борик“ во Бања Лука, Лозано беше единствениот изведувач од нашата земја и освои награда од категоријата „Најпопуларни изведувачи од регионот“.

„Ми значи секоја награда, а покрај наградите кои ги добив на ’Златна бубамара’, исто така и оваа ми е многу драга, особено што доаѓа надвор од границите на нашата земја. Ова е доказ дека песната и музиката немаат граница“, изјави Лозано, кој пред босанската публика ги отпеа хитовите „Километри“ и „Јако, јако“, сместени на актуелниот албум „Десет“.

Освен што се подготвува за претстојниот концерт, Влатко деновиве ќе претстави уште една сосема нова песна насловена „Мајко“, која ќе стигне во комплет со видео изработено од неговиот веќе редовен соработник Даниел Јовески.

View this post on Instagram

#Majko #Мајко …

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski) on

Само за потсетување, влезниците за славеничкиот концерт на Лозано се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

View this post on Instagram

Друштво, на 23ти, со мојот бенд, Ве чекаме на гости во "Борис", одвај чекам да Ве видам и да пееме заедно во еден глас ❤ Карти има на www.avalon.mk , линкот го има и тука на @vlatkolozanoski Слободно споделувајте го настанот и тагнете го оној со кој сакате да ја поминете таа вечер заедно… Ве гушкам #JakoJako 🤗🤗🤗 . 23 Март | 20часот | ВИП Арена "Борис Трајковски" – #Скопје @avalon.produkcija . #concert #kilometri #23Mart #Macedonia #Skopje #music #mandarina #nadez

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski) on



Врати се горе ↑