Македонија 582293_10151663713169616_1467590994_n

24 јануари, 2013

Оркестарска турнеја на Влатко Стефановски

По успешните концерти во Љубљана и Марибор со гудачкиот оркестар на Словенечката Филхармонија, Влатко Стефановски породолжува  со спектакуларни оркестарски концерти, јавуваат од Пасворд Продукција. Тој настапи во Монако, со филхармонијата на Монте Карло на 6-ти овој месец, заедно со своите стари соработници, Мирослав Тадиќ и Теодосии Спасов. Со оркестрите диригира Кристјан Јарви, еден од најбараните европски диригенти во моментов. На 11-ти и 12-ти јануари Стефановски настапи во Лајпциг и Вајмар со Симфонискиот Оркестар на МДР Лајпциг .

Турнејата со симболичен наслов  „Балканска треска“ продолжува на Фламенко Фестивал во Амстердам, од каде што триото се сели во Лондон, на концерт во Барбикан Центарот со Лондонскиот Симфониски Оркестар, на 31-ви месецов. Планиран е и концерт во Скопје пред крајот на годинава.



Врати се горе ↑