Концерт

18 март, 2019

Ориѓански и Шаќири со заеднички концерт на 20 април

Златко Ориѓански и Бени Шаќири долгогодишната соработка и заедничкиот албум „Добро утро госпоѓо ќе го крунисаат и со заеднички концерт кој ќе се одржи на 20 април 2019 (сабота) во Македонската филхармонија, каде што ќе настапат со повеќе специјални гости.

Двајцата музичари соработката ја започнаа во 2013 година со темата „Си беше еднаш“, која веднаш наиде на позитивни реакции кај публиката, а потоа продолжија да се редат и „Галена“, „Генерале“, „Лепотице“, „Анице, љубов моја“...

Концертот е со почеток од 20.30 часот, а влезниците се веќе пуштени во претпродажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, во „Југотон“ и онлајн на www.kupikartizase.com, по цени од 800, 1.000 и 1.200 денари.



Врати се горе ↑