Македонија

12 март, 2018

Ориѓански и Шаќири ја продолжуваат соработката со „Двеста дена, двеста два“

Заедничката приказна на музичарите Златко Ориѓански и Бени Шаќири започна пред пет години, со темата „Си беше еднаш“, а продолжи со уште десетина песни сместени на минатогодишниот албум „Добро утро, госпоѓо“. Иако неочекувана и навидум неспоива комбинација, оваа соработка се покажа како вистински погодок и наиде на одлични реакции кај македонската публика, која со задоволство ги слуша потенцијалните евергини на овој тандем.

DVESTA DENA, DVESTA DVA :)) petok, nova pesna :))

Posted by Origjanski Zlatko on Sonntag, 11. März 2018

Токму затоа логично е оваа приказна да продолжи со уште едно ново поглавје, кое ќе го носи насловот „Двеста дена, двеста два“ и кое ќе пристигне в петок. Веста ја најави самиот Ориѓански, споделувајќи фотографија на својот профил на Фејсбук, па додека ја очекуваме новата песна, потсетете се на сосема првата заедничка песна, „Си беше еднаш“. Уживајте!



Врати се горе ↑