Аудио bs-zo-galena

20 ноември, 2014

Ориѓански и Шаќири ја објавија новата песна „Галена“

Иако на прв поглед невообичаена, сепак соработката помеѓу Златко Ориѓански и Бени Шаќири се докажа како вистински погодок! Двајцата музичари ја започнаа нивната заедничка приказна со одличната Си беше еднаш, која доби и верзија на албански јазик, продолжија со „Генерале“, која воедно е и дел од музиката за претставата „Солун, град на духовите“ на режисерот Слободан Унковски, а сега, како трето поглавје пристигна темата „Галена“.

Песната, чиј автор на музиката и текстот е Ориѓански, е снимена месецов во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, кој е зад тапаните, а покрај него во музиката се и Душко Божиновски на хармоника, Лазар Сандев на мандолина и Мелани Мицковска. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑