Аудио bs-zo-lepotice

16 мај, 2015

Ориѓански и Бени нè израдуваа со уште една одлична песна

Уште еден во низата хитови произлезени од соработката помеѓу Златко Ориѓански и Бени Шаќири е темата „Лепотице“! Познатите музичари, кои својата заедничка приказна ја започнаа со одличната „Си беше еднаш, која доби и верзија на албански јазик, продолжија со „Генерале“ (дел од музиката за претставата „Солун, град на духовите“ на режисерот Слободан Унковски), како и романтичната „Галена“, и за оваа нова песна повторно ги здружија силите со поетот Дарко Лешоски, кој заедно со Ориѓански се потпишува како автор на стиховите.

Музиката, секако, е дело на Ориѓански, а покрај Бени како вокал, учествуваа и Илија Филиповски на виолина, Благојче Трајковски на кларинет и Оливер Јосифовски на ударни инструменти. „Лепотице“ е снимена во студиото на Мите Димовски„Тра ла ла“, а како звучи сето тоа слушнете во продолжение.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑