Свет 559026_497228813631711_911622826_n

2 јануари, 2013

Оригиналните Шугабејбс повторно заедно под името „MKS“

Шугабејбс во текот на изминатата деценија беше еден од најпопуларните женски бендови во Британија, но честите несогласувања помеѓу членките доведоа до тоа за неколку години да се променат дури четири членки. На почетокот оваа група беше составена од Матја Буена, Киша Бјукенен и Шибон Донахју, но Шибон си замина веднаш после првиот албум. На нејзиното место дојде русокосата Хајди Рејнџ, а Матја наскоро беше заменета со Амел Бераба, а по неколку години замина и Киша, па на нејзиното место дојде Џејд Јуен.

Оригиналната тројка сега се враќа, но не под името Шугабејбс, туку како Mutya Keisha Siobhan или накратко MKS, кои се иницијалите на девојките. На повратничкиот настап кој го одржаа деновиве изведоа неколку стари хитови, меѓу кои „Overload“ и „Freak Like Me“, како и хитот на Ријана „Diamonds“.

„Мило ни е што се вративме, очекувајте многу интересни новитети“ – порачаа девојките. Групата во текот на 14-те години кариера има продадено повеќе од осум милиони примероци од албумите само во Британија. Нов албум од трите девојки се очекува во текот на годинава. Настапот кој го одржаа непосредно пред Нова година, беше нивниот прв заеднички настап по 12 години. Погледнете ја аматерската снимка од изведбата на нивниот хит „Overload“.

 



Врати се горе ↑