Настани ba00d91c-7350-407f-a3b9-659aaff3d23d

26 август, 2014

Организиран превоз за посетителите на Аква Парк Фест

Само уште два дена не двојат од стартот на второто издание на АКВА ПАРК ФЕСТ! Најголемиот музички фестивал на отворено во Македонија доаѓа со најдобрата забава за одбележување на годинешната летна сезона и подготвен да ги пречека бројните фестивалџии, а според досегашниот покажан интерес од страна на публиката ветува дека ова издание ќе го надмине и минатогодишното издание по рекордниот број на посетители. Тридневниот Аква Парк Фест ќе се одржи од 28 до 30 август во Пробиштип, на локацијата на првиот Аква парк во Македонија, каде што нè очекува исклучителна музичка програма со повеќе од 40 изведувачи.

За сите оние кои на фестивалот доаѓаат од Скопје, организиран е и автобуски превоз! Билетите за превозот во два правци, на релација Скопје – Пробиштип – Скопје чинат 450 денари, а се продаваат само во Југотон (ГТЦ, прв кат) или со претходна резервација на телефонскиот број (02) 3239-860. Поаѓањето на автобусите од Скопје ќе биде на 28. август (четврток) во 10.00 часот од паркингот на СЦ „Борис Трајковски“. Враќањето пак од локацијата на Аква Парк Фест во Пробиштип, ќе биде на 31 август (недела) во 10:00 часот.

Време е да го разведриме сопственото секојдневие и да се препуштиме на незаборавното тридневно искуство со извонредната музичка програма на фестивалот и уживањето во аква паркот, кампувањето во природа и разновидните забавни содржини на ова несекојдневно фестивалско издание.

Гаранција дека пред нас е ново извонредно музичко доживување се и ѕвездите на Аква Парк Фест кои ги најавија своите сензационални настапи на овој фестивал. Музичката програма ќе се одвива константно за време на 72 часа од трите фестивалски дена, а ќе биде распределена на три фестивалски бини: Дневна бина (12.00 до 19.00 часот), Главна бина (од 19.00 до 06.00) и „Афтер парти“ бината (од 06.00 часот). Првиот ден на фестивалот, публиката ќе има задоволство да ги проследи настапите на ѕвездитете како ЈОРИС ВОРН, ТИМО МАС, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ, „ФАНКЕРМЕН“, а покрај нив ќе настапат и„Грамофонџие“, „ПМГ колектив“, „Паркети“,„Дивизија“, „Базел“, „Флудер“, Гето Руди, „Гејм Овер“, „Палиндром“, „Екс-ју“ и диџеј Адо. Во петок главната бина на Аква Парк Фест ги пречекува ѕвездите од калибарот наЏОН ДИГВИД, ДАРЕН ЕМЕРСОН, „БЕД КОПИ“, „ДИСЦИПЛИН А КИЧМЕ“, „ГРАМОФОНЏИЕ“, а ним во програмата за овој ден ќе им се придружат и„ЕЛЕМЕНТАЛ“, „ХАРДФЕЈСД“, „Прок&Фитч“, „Блексоул“, „Сашо Рејсид“, „Рутбој“, „Бранчез“, „Плава“, „Приземје“ и дицеј Цобе. Главната бина на третиот фестивалски ден е резервиран за атрактивните „бек ту бек“ битки на претставниците на македонската електронска сцена. Возбудливите сетови во сабота вечер на Аква Парк фестивал ќе ги престават Ајсберг б2б Лефанк (Iceberg b2b Lephong), Алек Солтиров б2б Милан Серафимов, Стефано б2б Цобе, Виш.ко б2б Феки Фарис (Wish.ko b2b Fecky Farris), Маци б2б Александар Мишкоски, Мацки б2б Васо, Ненат Омен б2б Кристијан Петровски (Nennat Omen b2b Kristijan Petrovsky), а во дневната програма во сабота ќе ги видиме и диџеите Стефано, Ацика и Бабура.

По распродажбата на промотивните влезници за АКВА ПАРК ФЕСТ, во моментов актуелна е претпродажбата на билетите со промо цена од:

•    800 денари за фестивалска влезница (во која е вклучен бесплатен камп простор и бесплатна тридневна влезница за Аква паркот)
•    500 денари за еднодневна влезница за четврток и петок (во која е вклучена и бесплатна еднодневна влезница за Аква паркот за денот за кој ја купувате влезницата)
•    200 денари за еднодневна влезница за сабота (во која е вклучена и бесплатна еднодневна влезница за Аква паркот).

Следните денови побрзајте за овие билети бидејќи оние кои ќе се продаваат за време на одржувањето на фестивалот, од 28 август до 30 август, на влезот на АКВА ПАРК ФЕСТ ќе бидат достапни со полна цена од 1 000 денари за тридневните влезници, 600 денари за еднодневните за четврток и петок и 200 денари за сабота.

Оваа година Аква Парк Фестивал организира и акција со поволности за оние кои на фестивалот доаѓаат со своето друштво! Имено, во тек е посебната продажна акција „5+1“ со која за секои пет купени тридневни влезници за фестивалот, добивате и една тридневна влезница гратис за уште еден член од друштвото. Акцијата се однесува на строго ограничен број влезници и ќе трае сé до истекот на залихите. Акцијата „5 + 1“ се спроведува само во Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат), билетарата на Аква Парк Македонија (Пробиштип) и преку онлајн проджбата на влезниците на овој линк.

Билетите во претпродажба можат да се купат во продажните салони во продажната мрежа на МКтикетс или поточно во:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
  • Југотон (ГТЦ 1 кат), МПМ Пресс, Гоги Драчево, Универзална Сала – Скопје, Алпине Спорт – Тетово, Тобако – Охрид
  • Билетара на Аква парк – Пробиштип
  • онлајн на mktickets.mk/aqua-park-festival

Музичката програма на фестивалот ќе започне на 28. август со дневната програма во 12:00 часот, која ќе се одвива на бината лоцирана во Аква Паркот додека пак, фестивалската програма на Главната бина ќе започне во 19:00 часот.

Кампот на АКВА ПАРК ФЕСТ за влез на посетителите ќе биде отворен на 28ми август во 09.00 часот, а се затвора на 31ви август во 17.00 часот на пладне. Во текот на тие денови сите служби на фестивалот ќе работат 24 часа на ден. Престојот на гостите во кампот е дозволено само со нараквица која се добива на инфо пултот при влез на фестивалот. Кампот на Аква Парк Фест е бесплатен за сите посетители што ќе имаат фестивалска влезница. Сместен е на 100 метри од Главната бина и на околу 130 метри од Аква паркот.

Повеќе информации за камперите, но и за оние кои ќе се одлучат за приватно сместување во Пробиштип се достапни на овој линк: aquaparkfest.com/mk/smestuvanje-i-kampuvanje.html 

Ве потсетуваме дека за време на одржувањето на фестивалот, ќе биде затворен сообраќајот во близина на Аква Парк Фест, па сите посетители ги советуваме за своите возила да ги користат околните паркинзи или пак фестивалскиот паркинг сместен покрај кампот кој ќе ве чини 50 денари за еднократен влез. Доколку сте од оние кои ќе го искустат фестивалот на вистинскиот начин и ќе престојуваат во кампот на Аква Парк Фест, задолжително погледнете ги и сите препораки и правила кои важат за фестивалскиот камп на следниот линк www.aquaparkfest.com/mk/faq.html.

Целосната музичка програма и редоследнот на настапите можете да ги најдете тука.

Одбројувањето започна! Се гледаме на АКВА ПАРК ФЕСТ 2014!



Врати се горе ↑