Свет gg-u2

13 јануари, 2014

„Ordinary Love“ на U2 наградена со „Златен глобус“

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 71-вото годишно доделување на наградите Златен глобус, а статуетката од категоријата „Најдобра оригинална песна“ отиде во рацете на легендарниот ирски бенд U2 за нивната песна „Ordinary Love“, која ги победи филмските теми на Тејлор Свифт, Џастин Тимберлејк и Колдплеј. Песната е дел од биографскиот филм „ Mandela: Long Walk To Freedom“ за неодамна починатиот поранешен претседател на ЈАР, Нелсон Мандела.

 

 

 



Врати се горе ↑