Македонија zoran-madzirov

4 февруари, 2013

Орден за високи заслуги на Зоран Маџиров

Синоќа во Минхен, македонскиот музичар Зоран Маџиров е одликуван со орден за високи заслуги од страна на последниот Баерски Принц Мануел Први Ди Нардо и Принцезата Астрид Прва Денглер. Медалот му е доделен за посебни истакнувања во полето на музиката како оригинален и единствен музичар, како и неговото неуморно ширење на музичката култура низ цел свет во последните 25 години.

Посебно беше нагласена пораката на Маџиров дека уметноста и уметниците со своите идеи и дела носат одговорност од цивилизациско значење со што ја прават оваа планета поубаво место за живеење. За уметничките дострели на македонскиот супер-музичар веќе пишуваше угледниот германски дневен весник Зидојче Цајтунг.

 

Извор: MMM



Врати се горе ↑