Балкан tony_cetinski

19 октомври, 2012

„Опет си побједила“ e новиот албум на Цетински

Најавениот албум на хрватскиот пејач Тони Цетински „Опет си побједила“ (Повторно победи) беше објавен на 4ти овој месец. Синглот „Крив“ е третиот сингл од овој албум, веднаш по насловната „Опет си побједила“ и „Збогом одлазим“, за кои се снимени и видео записи.

Тони во Македонија е најпознат по еден од најголемите хитови на нашиот Тоше „Лагала нас мала“. Албумот снимен во Аквариус Рекордс ги содржи горенаведените хитови, но и други нумери кои се потпишани од самиот Тони, но и нам добро познатиот Миро Буљан кој беше потпишан и на најголемите хитови од последниот албум на Тоше „Игри без граници“.

Во продолжение погледнете го видео записот за насловната нумера од новиот албум на Тони.

 



Врати се горе ↑