Настани

14 февруари, 2019

Опасна екипа се собира ова лето: „Егзит“ објави жестоки гитарски засилувања за бината „Експлозив“

Екстремната бина за екстремните луѓе, славниот „Експлозив стејџ“ (Explosive Stage) ситуиран во рововите на Тврдината, оваа година ќе биде вистинско поприште за фановите на жестокиот звук на фестивалот „Егзит“. Покрај веќе најавениот Фил Анселмо, кој на главната бина со својот нов бенд „Ди илиглс“ ќе го изведе сетот кој се состои од песните на „Пантера“, како и оперската метал-дива Тарја Турунен која пристигнува на бината „Фјужн“, на „Егзит“ и бината „Експлозив“ пристигнуваат „Арктурус“, „Ентумбд Еј-Ди“, „Питер енд д тест-тјуб бејбис“ и „Тотал кејос“, но и низа други домашни, регионални и светски изведувачи подготвени за опасна свирка. Новите засилувања ги предводи едно од водечките светски дет-кор имиња, „Уајтчепл“ (Whitechapel), кои премиерно пристигнуваат на овие простори и чиј настап во живо претставува вистинска енергетска бомба која не се пропушта, додека гигантите на шведската мелодик-дет сцена, „Соилворк“ (Soilwork), се подготвуваат со својот настап да ја поведат публиката на сонично патување низ својата богата кариера, но и да ги споделат со неа песните од најновиот студиски албум „Verkligheten“! Еволуцијата на својот звук и десетгодишната музичка кариера ќе ја прослави на „Експлозив“  – „Буз енд глори“ (Booze & Glory), бестрашниот стрит-панк/Ои! состав од Лондон со херојска посветеност на настапите во живо, а еден од своите карактеристично луцидни настапи ќе приреди германската и светска легенда на дарк-вејв индустриал сцената, „Дас их“ (Das Ich), кои од основањето кон крајот на осумдесеттите до денеска инспирираат безброј уметници ширум светот.

 

Моќни рифови ќе донесе и „Енфорсер“ (Enforcer), еден од најсилните хеви-спид метал-бендови од Шведска чија популарност е во константен подем веќе 14 години, како и едно од најценетите дум-метал имиња на оваа уникатна и мрачна сцена, шведскиот „Октобер тајд“ (October Tide). Холандскиот хардкор состав, „Вајтамин екс“ (Vitamin X),  ќе го донесе својот препознатлив звук кој се карактеризира со фуриозен панк/хардкор помешан со треш-метал и рок рифови од седумтесеттите. Потоа доаѓа и младиот англиски бенд „Грејд 2“ (Grade 2), чиј звук може да се опише како силен и брз, вклучувајќи мелодични гитари и певливи вокални делови, додека од рускиот леден пекол стигнува кросовер бандата „Сајбириан мит грајндер“ (Siberian Meat Grinder), мешајќи хардкор треш со мноштво жанрови – од блек-метал до рап. Пред публиката на бината „Експлозив“ ќе се претстави и романскиот „Сур аустру“ (Sur Austru), бендот кој е оформен од преостанатите членови на култниот состав „Негура бунгет“ (Negura Bunget), со цел одржување на бесмртниот дух на тој бенд, а од регионот доаѓа словенечкиот состав „Каоз“ (KAOZ), вељенските метал староседелци присутни на сцената повеќе од 20 години, создавајќи сонична треш-џунгла со својот единствен пристап кон музиката.

Покрај нив, експлозивната армија на овогодишниот „Егзит“ ја сочинуваат и „Скандал“ (Scandal), мелодичниот стрит-панк состав кој доаѓа од Романија, а ситуиран во Лондон, потоа „Отворени прелом“ (Otvoreni Prelom), анархо-хардкор панкерите од Србија, но и „Асфалт чент“ (Asphalt Chant) кој е водечки домашен дарк-вејв бенд, како и ветераните на романската готик-дум сцена – „Грајмгад“ (Grimegod). Најекстремната бина на Петроварадинската тврдина ќе ја покорат и малтешките екстремни металци „Мартириум“ (MartYriuM), хардкор-бендот од Белград, „Бронз“ (Bronze), додека од регионот пристигнува засилувањето со две имиња од Загреб – хардкор групата „Понор“ (Ponor) и металкор бендот „Пејл ориџинс“ (Pale Origins), а за олдскул хеви-метал призвук ќе биде задолжен домашниот состав „Тандерстил“ (Thundersteel).

Петроварадинската тврдина во следното издание на фестивалот „Егзит“ од 4 до 7 јули ќе ја посетат некои од најактуелните имиња, но и живите легенди на светската музичка сцена, меѓу кои се рок титаните „Д кјур“, рок-бендот за кој во моментов најмногу се зборува „Грета Вен Флит“, најславниот диџеј на сите времиња Карл Кокс, иконата на жестоката сцена и некогашен фронтмен на „Пантера“ – Фил Анселмо со својот бенд „Ди илиглс“, метал-дивата со беспрекорен вокал Tарја Турунен, како и Димитри Вегас и Лајк Мајк, Пол Калкбренер, „Лост фрикуенсис“, „Софи Такер“, Том Вокер, „Сиксти-фајв дејс иф статик“, „Селектер“, „Уајтчепл“, „Арктурус“, „Соилворк“, „Ентумбд Еј-Ди“, „Питер енд д тест-тјуб бејбис“, „Буз енд глори“, „Тотал кејос“, „Дас их“ и „Атеист рап“, но и многу други големи имиња кои ќе бидат објавени во следните недели.

Во продажба се Егзит-пакетите со 55% попуст!
Во моментов во продажба е ограничениот контингент комплет билети за „Егзит“ по цена од  3.580 ДЕНАРИ, што претставува високи 55% заштеда во однос на финалната цена! Цената за влезница за првиот фестивалски ден, кога настапуваат „Д кјур“, изнесува 1.800 денари за партер и 2.495 денари за фан-пит, додека цената за дневните влезници голд ВИП за 4 јули е 6.515 денари. Влезниците за „Егзит“ во Македонија можете да ги набавите преку МкТикетс.



Врати се горе ↑