Аудио 335_25233188911_489_n

19 декември, 2012

„Уан репаблик“ имаат нов сингл

Бендот кој најдобро го знаеме по големиот хит „Apologize“ во соработка со Тимбаленд, „Уан репаблик“ (OneRepublic) има нов сингл. Се работи за нумерата „If I Loose Myself“ која официјално ќе биде издадена на АјТјунс во јануари, но деновиве ја доживеа својата радиска премиера. Ова ќе биде втор сингл кој ќе го најави третиот по ред студиски албум „Native“ на бендот, закажан за на пролет следната година. Првиот најавен сингл беше нумерата „Feel Again“ издадена во август годинава, а во продолжение слушнете како звучи „If I Loose Myself“, изведена во живо на манифестацијата „Џингл бол“.

 

 

 



Врати се горе ↑