Македонија

30 април, 2019

Оливера Ѓоргоска во дует со Селин Дион?

Оливера Ѓоргоска веќе подолго време живее и работи во САД, а имајќи предвид дека најголемата музичка индустрија е токму таму, шансите да се запознае и соработува со некои од најпознатите музички имиња на светот се мошне големи. Таа пред некоја година сподели фотографија со Скутер Браун, менаџерот на Џастин Бибер и Аријана Гранде, а се запозна и со една од најголемите ѕвезди во подем – Биби Рекса. Но, се чини дека сето тоа падна во сенка откако талентираната прилепчанка се сретна со еден од своите најголеми идоли – канадската дива Селин Дион!

„Не можам да го опишам чувството кога ќе го сретнеш својот идол. Тоа е остварување на соништата. Јас буквално пораснав со нејзините песни и почнав да пеам заради неа. На мојот канал на Јутјуб, повеќето песни што ги препеав се од Селин Дион. Се топам на оваа фотографија! Толку прекрасна жена и однадвор и одвнатре! Те сакам Селин“, напиша Оливера споделувајќи фотографии од средбата со познатата пејачка во студио во Лас Вегас и додаде: Дали ќе бидам во иста песна со Селин Дион? Останете тука…“.

I can’t describe the feeling when you meet your idol. It’s a dream come true. I literately grew up with her songs and…

Gepostet von Olivera Gjorgoska am Montag, 29. April 2019

 

Освен со Селин, Ѓоргоска деновиве се запозна и со добро познатиот продуцент РедУан (RedOne), кој е еден од главните виновници за најпродаваните синглови и хитови на Џенифер Лопез, Лејди Гага, Шакира, Мајкл Џексон и многу други.

„Јас сум и повеќе од благословена и благодарна што имам можност да работам со толку прекрасен продуцент и за толку прекрасна причина! Се подготвува прекрасен проект предводен од едниот и единствен РедУан!“, напиша пејачката споделувајќи ги заедничките фотографии со 47-годишниот мароканско-шведски продуцент.

I am beyond blessed and grateful to work with such an amazing producer for an amazing cause! A wonderful project is…

Gepostet von Olivera Gjorgoska am Samstag, 27. April 2019

 

Во изминативе неколку години, Оливера си ја проба среќата и на популарните музички емисии „Гласот“ и „Америка има талент“, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа, а каков проект подготвува со РедУан и дали ќе ја слушнеме да запее во дует со Селин Дион, ќе дознаеме наскоро!

И.Ј.

 



Врати се горе ↑