Македонија 10368380_808544942509490_987989781101040584_n

14 декември, 2015

Оливера Ѓоргоска ќе се обиде да се докаже и пред Сајмон Кауел

Прилепчанката Оливера Ѓоргоска, која веќе неколку години претстојува во САД и во моментов е на докторски студии на Универзитетот во Лас Вегас, повторно ќе си ја проба среќата во следната 11. сезона на шоуто „Америка има талент“. Пејачката веќе се имаше пријавено и на претходните сезони на овој и на натпреварот „Гласот“, но веројатно не успеа да се избори со конкуренцијата. Ѓоргоска ја сподели веста преку нејзината фан страница на Фејсбук, објавувајќи фотографи од зад сцената на аудициите.

Аудициите за наредната сезона на „Америка има талент“ започнаа деновиве, а пријавените кандидати сигурно ќе имаат уште поголема трема бидејќи за првпат во жирито ќе се најде и познатиот менаџер и продуцент на ваквите натпревари, озлогласениот Сајмон Кауел.

 

Покрај Кауел, кој доаѓа на местото на претходниот судија Хауард Стерн, како дел од жирито повторно ќе учествуваат канадскиот актер и комичар Хауи Мандел, поранешната членка на британската група „Спајс грлс“ – Мелани Браун и светскиот топ модел Хајди Клум. Дали Оливера овој пат ќе успее да се покаже и докаже пред американската публика, останува да дознаеме на пролет, кога ќе започнат да се емитуваат новите емисии. Среќно!

За крај погледнете дел од видео записот за темата „This Way“, за кој се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да го погледнеме и во целост.

 

Насловна фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑