Балкан Oliver-Mandic

1 март, 2013

Оливер Мандиќ ќе пее песна за неговата мајка на Беосонг

Познатиот пејач Оливер Мандиќ, по пауза од 27 години ќе настапи во ревијалниот дел на фестивалот Беосонг со песната „Све што ти нисам рекао“, која ја посветил на неговата мајка која починала од рак. На фестивалот Беосонг кој ќе се одржува на 2-ри и 3-ти март, ќе биде одбран српскиот претставник за Евровизија 2013.

Песната која ќе ја отпее еден од најпопуларните југословенски пејачки, Мандиќ ја напишал пред 1998 година, кога дознал дека неговата мајка боледува од рак. Како што изјавил извот близок на пејачот, Оливер токму со оваа песна ја погребал мајка си, а текстот го напишала Марина Туцаковиќ.

Песната до сега не била објавена, а ќе претставува и најава за новиот албум кој ќе го издаде Мандиќ за ПГП-РТС. Оливер го издал последниот албум во 1985 година, а од тогаш работел само со пријателите и за нив. Последните две нумери кои ги направил се песните „Пробуди се на час“ за Тоше Проески и дуетот со Цеца Ражњатовиќ – „Време за љубав истиче“.

Извор: Telegraf.rs



Врати се горе ↑