29 октомври, 2014

Оли Мрс танцува како Мајкл Џексон во видео записот за „Wrapped Up“

На почетокот на месецов Оли Мрс го претстави својот прв сингл „Wrapped Up“, со кој го најавува четвриот студиски албум насловен „Never Been Better“, закажан за 24 ноември. Песната, која благодарение на заразниот ритам и рефрен веднаш стана хит, денеска доби и свое видео издание каде што популарниот британски пејач танцува во стилот на легендарниот Крал на поп музиката, Мајкл Џексон. Иако песната е снимена во соработка со Треви Мекој, раперот не се појавува во видео записот, а како изгледа сето тоа можете да видите горе.

30-годишниот Мрс, кој се прослави со учеството во британскиот „Х Фактор“ во 2009 година, деновиве ја претстави и насловната тема од новото издание, а изведбата во живо на „Never Been Better“ можете да ја слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑