Аудио a67388a0gw1ekxz5s5lrjj20rs0rsn0g

3 октомври, 2014

Оли Мрс го најави новиот албум со „Wrapped Up“

30-годишниот Оливер Стенли Мрс, познат само како Оли Мрс (Olly Murs), се прослави со учеството во британскиот „Х Фактор“, каде што во 2009 година го достигна второто место, но постигна многу поголем успех од тогашниот победник Џо Мекелдери. Оттогаш пејачот објави три студиски албуми, а неговите хитови како што се „Dear Darling“, „Troublemaker“ и „Heart Skips a Beat“ го обиколија светот постигнувајќи голем успех на топ листите.

Сега на ред дојде неговиот четврти студиски албум насловен „Never Been Better“, закажан за 24 ноември, а денеска беше претставен и првиот сингл „Wrapped Up“ во кој гостува колегата Треви Мекој (Travie McCoy) и кој е мошне весела поп песна во неговиот веќе препознатлив стил. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

За новото издание Оли соработувал со Вејн Хектор, Клод Кели и Стив Робсон и американската пејачка и авторка Деми Ловато, со која го сними и дуетoт „Up“, а списокот на песни кои ќе се најдат на „Never Been Better“ можете да го погледнете во продолжение.

1. Did You Miss Me

2. Wrapped Up (со Треви Мекој)

3. Beautiful to Me

4. Up (со Деми Ловато)

5. Seasons

6. Nothing Without You

7. Never Been Better

8. Hope You Got What You Came For

9. Why Do I Love You

10. Stick With Me

11. Can’t Say No

12. Tomorrow

13. Let Me In

 

Луксузна верзија

14. We Still Love

15. Us Against The World

16. Ready For Love

17. History



Врати се горе ↑