Балкан suzanamancic

2 декември, 2012

Олдтајмерка: Сузана Манчиќ во спотот на „Зарџали ексер“

„Олдтајмерка“ е новиот сингл на новоформираниот поп-рок бенд Зарџали ексер, кој својот прв албум го промовираше на 7-ми ноември во Белград. Неколку песни се веќе претставени со видео записи, а деновиве се снима и оној за најновиот сигл, во кој гостува српската пејачка Сузана Манчиќ, која како што изјавил лидерот на бендот Бане Ексер, одлично се снашла со улогата. Промоцијата на спотот е закажана за средината на декември. Во продолжение погледнете го последниот видео запис на бендот за нумерата „Индијанац“.

 

Извор и фото: Svet.rs/bazar



Врати се горе ↑