Свет

30 јули, 2019

„Old Town Road“ запиша нов рекорд на Билбордовата листа

Од објавувањето во декември минатата година, кантри-рап песната „Old Town Road“ на американскиот рапер Лил Наз Екс полека успеа да ја освои американската публика, а уште поголема популарност постигна со ремиксот во кој гостува кантри-ѕвездата Били Реј Сајрус. Хитот првпат се искачи на врвот на Билбордовата листа на почетокот на април годинава, а заклучно со 29 јули, на првото место остана 17 недели со ред, запишувајќи нов рекорд за најдолг стаж на оваа позиција.

„Old Town Road“ зад себе ги остави досегашните рекордери „One Sweet Day“ на Мараја Кери и „Бојз-ту-мен“ и латино-сензацијата „Despacito“ на Луис Фонси, Деди Јенки и Џастин Бибер, кои своевремено царуваа на Билбордовата листа 16 недели.

Освен во САД, песната го достигна врвот на топ-листите ширум целиот свет. Таа се најде на првото место во Австралија, Австрија, Швајцарија, Португалија, Нов Зеланд, Норвешка, Холандија, Ирска, Унгарија, Германија, Франција и Белгија.



Врати се горе ↑