Аудио photo_1451991342

18 март, 2016

„Ол сеинтс“ се враќаат со нов албум

Некогашната англиско-канадска женска група „Ол сеинтс“ (All Saints), која беше мошне популарна во деведесеттите години, на почетокот на годинава го најави своето враќање на сцената со нов албум и турнеја. Основана во 1993 година, групата оригинално беше составена од Мелани Блат, Шезнеј Луис и Симон Рејнфорд, која си замина во 1995, а потоа им се придружија и сестрите Никол и Натали Еплтон.

И покрај големите хитови како што се „Never Ever“, „Pure Shores“, „Black Coffee“, „Lady Marmelade“ и албумите „All Saints“ и „Saints & Sinners“, групата неочекувано се распадна во 2001 година, а во 2006 повторно се обедини, издавајќи го албумот „Studio 1“, но не забележаа некој позначаен успех и во 2009 повторно се разделија.

Претстојниот, 4. по ред студиски албум ќе го носи насловот „Red Flag“, а најавен е со неодамна објавениот прв сингл „One Strike“ и штотуку претставената „One Woman Man“. Новото издание ќе содржи 12 песни и се очекува на 8 април, а како звучат првите две теми можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑